Секоја година на денот после американскиот Ден на благодарноста почнува сезоната на предбожиќни попусти, а секако меѓу нив најпознат е „Црн петок“, денот кога цените во поголемиот дел од продавниците паѓаат до 90 проценти.

Тоа е денот кој секоја година гужвите неретко се испратени со инциденти. Ова шопинг лудило од САД се прошири, па дури и во Македонија.

„Црниот петок“ е познат по големите попусти.

Луѓето неретко веќе во четврток навечер стигнуваат пред продавниците, за да дојдат до предметот кој сакаат да го купат по поволна цена.

Поради добрите попусти неретко се стои со саати во редовите, луѓето избезумено трчаат по продавниците за да земат нешто, а на тој ден секоја година има и поголем број на случаи на нарушување на јавниот ред и мир.

Поради тепачките мораше дури да интервенира и Брзата помош, која и помагаше на едно несреќно лице кое беше прегазено сред стампедото, кое го имаше во повеќето продавници во лов на попустите.

Во Мисури едно лице е испукано на влез во шопинг центар. Станува збор за 19 годишно момче кое е застрелано на паркинг. Според првите информации момчето се наоѓа во критична состојба, а полицијата трага по извршителот, пишува Дејли Мејл.


Оваа година се очекува дека Американците во тие неколку дена на шопинг лудило би можеле да потрошат и до 50 милијади долари, додека според некои прогнози Британците би можеле да потрошат повеќе од 10 милијарди долари.

Извор: КУРИР

Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа