Vip

Исламската држава преку своите комуникациски канали ги повика своите поддржувачи во Албанија да организираат терористички напади за време на предстојните Божиќни и новогодишни празници.

„Имаш доволно време да набавиш возило и да прегазиш луѓе во маса, да купиш нож и да нападнеш, или пак да ја наполниш твојата пушка со муниција“, повикуваат џихадистите на Исламската држава.

„И ако твојата душа не може да ги прифати, влези во масата на народ и викни – Алах е најголем“, стои во повикот на Исламската држава на албански јазик, пренесуваат косовските медиуми.

На таканаречените „осамени волци“, односно поединци кои што во многу случаеви и не се знае дека се поддржувачи на Исламската држава и делуваат независно, од ИСИС претходно им порачаа да ги ангажираат мигрантите и да извршат напади во Рим и Ватикан.

Неодамна, поради опасноста од терористички напади, косовската влада изготви документ наречен „Државна стратегија против тероризмот и акциски план 2018-2022“ кој што предвидува мерки за борба против тероризмот и повратниците – џихадисти кои што се бореле на страната на Исламската држава.

Тоа што загрижува е дека во извештајот е наведено дека постоеле „јавни повици за изведување на терористички напади на Косово, но и во регионот“. Тероризмот е „една од најголемите закани по националната безбедност“, стои во документот.

Извор: КУРИР

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila