Vip

Шпанската полиција заплени 5,8 тони кокаин, што е најголема количина запленета дрога во изминатите 18 години, соопшти шпанското МВР.

Дрогата била скриена во контејнер на брод што впловил во шпанско пристаниште од Меделин во Колумбија.

Уапсени се три лица, меѓу кои и директор на шпанска компанија. Полицијата соопшти дека се трага по уште две лица.

Пратката била запрена во Алхесирас, а пренесувала банани од Колумбија во Прат де Љобрегат, пристаниште што се наоѓа во близина на меѓународниот аеродром во Каталонија.

Кокаинот бил отриен на 28 ноември, а неговата улична вредност е процената на 210 милиони евра.

Извор: КУРИР

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila