Vip

Поради огромниот пожар, во Калифорнија е прогласена вонредна состојба во округот Вентура, а огнот се шири брзо и без престан, јавува “ABC News”.

Огромниот шумски пожар досега проголтал 220 квадратни километри површина и уништил најмалку 180 структури, објавиле пожарникарите во округот Вентура.

Медиумите во вторникот објавиле дека една жена загинала во сообраќајна несреќа додека бегала од пожарот. Објавените снимки го прикажуваат огнот како ги уништува домовите во тоа подрачје.

Повеќе од 7.000 куќи биле евакуирани и околу 27.000 лица морале да побегнат од огнената стихија. Одреден е полициски час за жителите на кои им е наредено да останат на сигурно.

Гувернерот Џери Браун прогласил вонредна состојба поради пожарите и изјавил: “Огнот брзо се шири, но ќе продолжиме да се бориме со сите можни средства”.

Пожарот преку ноќ неконтролирано се проширил поради силните ветрови со брзина поголема од 100 километри на час. Еден пожарникар е повреден, а повеќе од 1.100 се на терен, јавува ABC News.

Извор: КУРИР

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila