Тоа што жителите на Сочи масовно го нарекле “експлозија на метеор” изгледало како ѕвездено шоу кое метеорскиот дожд им го приредил на локалните вљубеници во ѕвезди.

Метеорот кој се распрскал и го осветлил небото над рускиот град Сочи, гледано од Земја, бил со големина на фудбалска топка и изгорел на 20 километри од земјиштето, рекол Александар Иванов, шеф на астрофизичката лабораторија на кубанскиот универзитет.

Корисниците на интернет шпекулирале дека метеорот се урнал на Земјата поради чудните звуци во текот на метеорскиот дожд. Некои тоа го оцениле како звук од неидентификуван објект, додека другите виделе само блесок. Руското министерство за вонредни ситуации ја одбива можноста метеорот да се урнал во тој регион, бидејќи не постојат конкретни докази.

Од 4. до 17. декември се очекувало метеорскиот дожд Геминид да се гледа од Земјата, а најмногу помеѓу 13. и 15. декември.

“На ноќното небо имаше некои блескави светлини како кај стандарден метеор, со големина, гледано од земја, на фудбалска топка. Дел од тоа е снимено со камери. Тоа не наведува на заклучок дека согорел на 20-тина километри над земјата”, рекол Иванов.

Тој додал дека ваквиот феномен не е редок во текот на метеорските дождови во август и декември.

Една од најпознатите метеорски несреќи на Земјата се случила во околината на рускиот град Чељабинск во 2013. година. Жителите виделе масивна експлозија и уште неколку помали на подрачјето на овој уралски град. Фрагменти од небеското тело набрзо биле откриени и пратени на тестирање.

Извор: КУРИР

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа