Успеале да се одврзе и да се провлече низ прозорот во околу шест часот наутро. Повикала полиција од деактивиран мобилен телефон, на кој имало опција за бирање на итната служба 911.

Се плашела да не ја убијат мама и тато: Еве како 17-годишното девојче ги спасило своите 12 браќа и сестри од родителите монструми
17-годишното девојче кое успеало да побегне од својот подрум, во кој родителите ја држеле окована заедно со уште 12 браќа и сестри, раскажала како успеала да побегне и да ги спаси сите.

Таа рекла дека ужасно се плашела родителите да не откријат дека побегнала и да ја фатат, бидејќи стравувала дека ќе ја убијат.

Успеале да се одврзе и да се провлече низ прозорот во околу шест часот наутро. Повикала полиција од деактивиран мобилен телефон, на кој имало опција за бирање на итната служба 911.

Се јавила кога доволно се оддалечила од дома, плашејќи се дека родителите ќе ја фатат. Некои медиуми пренеле дека прво ги фотографирала своите изгладнети браќа и сестри, за да има доказ во полицијата.

Кога дошле на самото место, полицајците ги пронашле децата оковани со ланци за кревет. Полицајците мислеле дека се сите малолетни, меѓутоа подоцна сфатиле дека седум од нив се возрасни, на возраст од 18 до 29 години. Родителите на таткото на девојчето, Дејвид, велат дека изненадени и шокирани. Признаваат дека не го посетиле семејството последните пет години, но редовно се слушале по телефон.

Бабата и дедото велат дека причината поради која парот имал толку деца е верата, односно дека тврделе дека Бог така им рекол. Велат и дека секогаш оделе во колона, едниот родител бил на почетокот, другиот на крајот од колоната, додека децата се ределе по возраст едно зад друго.

 

Елизабет Џејн Флорес, сестра на уапсената Луиза, вели дека својата сестра не ја видела 19 години и дека тоа и било забрането, и додава дека се сомневала дека нешто не е во ред со начинот на кој ги воспитувала своите деца.

Сестрите не биле ни пријателки на Фејсбук. Необичното семејство било опседнато со Дизниленд, каде често оделе семејно, па дури и ги промениле регистарските таблички во “DSLAND”.

Да потсетиме, Дејвид и Луиза Тарпин ги држеле своите 13 деца, на возраст од две до 29 години, затворени и врзани со ланци во подруми во својот дом во Калифорнија.

Извор: КУРИР

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа