Девојчињата на истражителите им одговориле дека на злосторството ги натерал Слендермен, измислен лик од хорор приказните кои кружат на интернет.

 
Морган Гејзер (15) од Висконсин е осудена на 40 години затвор за психички болни поради злосторството што го направи во 2014 година, кога ја нападна, избоде и за малку ќе ја убиеше својата школска другарска Пајтон Лојтнер.

Таа злосторството го извршила со пријателката Анис Вејер, а несреќното девојче го оставиле во шума.

Кога биле уверени дека е мртва, побегнале. Избоденото девојче сепак успеало да дојде до работ на шумата и таму ја видел велосипедист кој повикал помош.

Морган пријателката ја избодела дури 19 пати. И ги избодела рацете, нозете и торзото.

Тие другарката од училишната клупа ја нападнале зошто сакале да го смират Слендермен и да му принесат жртва.

Девојчињата на истражителите им одговориле дека на злосторството ги натерал Слендермен, измислен лик од хорор приказните кои кружат на интернет.

Цртежи од Слендермен се пронајдени во спалната соба на Морган Гејзер, а таа во текот на истрагата изјавила дека повторно ќе направи слично злосторство „ако Слендермен и го нареди тоа“.

Слендермен е креација на Ерика Кнудсен која стана вирална и многу популарна на интернет, па така брзо околу неа се создаде цела митологија.

Морган и Аниса одговорноста ја префрлале една на друга, а се шокирале кога дознале дека Пајтон преживеала и се им раскажала на полицајците.

 

Извор: КУРИР

Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа