Американката Лорен Дрејн е позната како најсексапилна медицинска сестра на Инстаграм. Нејзиниот профил го следат 3,2 милиони следбеници.

30 годишната Лорен живее во Флорида и е медицинска сестра на одделот за кардиологија. Кариерата ја започнала на 16 години, а покрај нејзнинот главно занимање, Лорен работи и како личен фитнес тренер.

Таа вели дека знае да си го организира времето и поради тоа секогаш пронаоѓа термин за тренинг во теретана, а тоа може да се погледне и по нејзиното атрактивно тело. Вљубеник е во активниот начин на живот за кој вели дека е клучен за долготрајно здравје.

- Во својата живот никогаш немам сретнато професионален спортист да доживее сериозна здравствена криза. Постои причина за тоа - активниот живот го намалува ризикот од болести и го зајакнува имунитетот - вели Лорен.

Кога почувствувала умор и слабост, одлучила да преземе контрола врз својот живот.

- Сакав да бидам здрава, згодна, силна, сигурна жена која активно ја стопира болеста наместо да ја лекува со таблети и сирупи - додала Лорен за Daily Mail.

Покрај тоа што објавува мотивирачки фотографии и видеа на Инстаграм, Лорен е активна и на својот блог каде го промовира здравиот начин на живот.

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа