Aston Martin во 2009 година се обиде да го оживее Lagonda брендот со претставувањето на SUV концептот на саемот во Женева. Негативните реакции за моделот беа толку силни, што проектот уште незапочнат беше веќе мртов. Сепак Ulrich Bez, шефот на Aston Martin, во едно интервју отрки дека брендот сепак може да „види дневна светлина“.
Бевме фасцинирани кога БМВ минатото лето го претстави оригиналниот и8 концепт. Не толку поради тоа како тој изгледаше, туку поради тоа што одговорните од фабриката од Баварија изјавија дека во 2014 се очекува и8 да изгледа исто како концептот.
Се сеќавате ли на легендарните Фолксваген комбенца кои своевремено беа неизоставен дел од секој „хипи“ филм? Доколку вие не се сеќавате, одговорните лица во германската фабрика дефинитивно го памтат ова олдтајмерче и решија да го разубават.
Овој цртеж кој се појави на интернет е наводно официјалната скица на новата генерација на Kia Pro cee’d. Тривратната верзија на корејскиот компакт, чие класично издание беше неодамна претставено на автосаемот во Женева, би требало да дебитира на есен во Париз.
Најновиот модел на Ферари се вика F12 Berlinetta, а се работи за најмоќното Ферари на сите времиња. Компанијата вчера ги објави првите официјални фотографии на својата интернет страница, а овој ѕвер ќе биде претставен на автосаемот во Женева.
Новата Опел Корса, односно петтата генерација на популарниот автомобил, ќе биде претставена за една година, а нејзиниот дизајн го следи патот кој го трасираа останатите актуелни модели како Астра и Инсигнија.
Дури метар и пол простор има за влегување во новиот семеен моноволуменец на Форд - B-Max. За ваква бројка конкуренцијата може само да сонува. Клучниот потег е „бришењето“ на средниот таканаречен Б-столб. Фордовите инжењери цврстата конструкција која го заменува столбот ја сместиле во странилната лизгачка врата. Ви се допаѓа ли ваквиот дизајн.
Продолжениот i30 Tourer својата премиера ќе ја доживее во Женева, а Хјундаи веќе ги објави фотографиите од новиот модел. Караванската верзија е продолжена на 1,485 метри или за 18,5 сантиметри подолго од хечбекот. Во однос на првиот i30 караван подолг е само за сантиметар.