По рекордната 2016. година, кога ширум светот биле испорачани 2,1 милиони автомобили гигантот Mercedes бележи двоен раст на продажбата и во првата половина на 2017. година.

До својот најдобар полугодишен резултат во историјата, германскиот производител на премиум автомобили стигна со испорачани 1.144.274 возила во првите шест месеци, со раст на продажбата од 13,7% во однос на истиот период во 2016. година.

Европа и понатаму останува најголемиот пазар на Mercedes, со 484.120 испорачани возила и рекордна продажба во Велика Британија, Франција, Шпанија, Белгија и Швајцарија.

Азиско-пацифичкиот регион е втор по големина, со оглед на тоа дека на овој пазар се испорачани 438.710 возила со раст од 26,7%. Продажбата во Кина се зголемила за 34,5%, а во Јужна Кореја за дури 47,3%.

На северноамериканскиот континент, Mercedes во првите 6 месеци од 2017. година испорачал 193.399 автомобили со скромен раст на продажбата од само 2,1%.

Инаку, само во јуни 2017, на глобално ниво се продадени 221.874 возила од оваа компанија.

zeljko-samardzic-ohrid

milenium-baner

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа