Автомобилите на Tesla Motors претставуваат технолошки врв во денешната автомобилска индустрија. 

Погонот во којшто се изработува и воопшто кадешто настанува Tesla Model 3 е на највисоко можно ниво на технолошкиот напредок, што може да се види и на видео записот кадешто се прикажани поединечни фази од производството и монтажата на ова нивно возило.

Сосема очекувано, најголемиот дел од работата на производствените траки ја довршуваат роботи, коишто ги вградувааат дури и седиштата и инструмент таблата – делови коишто во фабриките за автомобили вообичаено ги монтираат работници со помош на роботски раце.

Сепак, за Tesla Model 3 овие денови се' повеќе и повеќе се пишува во светот, токму поради огромните губитоци што и' ги донесува на компанијата во третиот квартал на оваа година, но и за доцнењето во производството и испораката на автомобилите, на коишто пак нетрпеливо чекаат повеќе од 400.000 купувачи коишто вложиле свои депозити за овој модел во последните година дена.

Погледнете...

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа