Германскиот гигант Мерцедес  конечно ја претстави долгоочекуваната четврта генерација на „А Класа“ моделот кој што, како што беше и најавувано, направи тотален пресврт во целата гама на автомобилите на германскиот гигант од Штутгарт.

Предниот дел на „А Класа“ неодоливо потсетува на оној од неодамна претставениот модел „CLS", додека останатиот дел од автомобилот наликува на претходникот, иако лесно видливо е каде и што е додадено, односно одземено кај четвртата генерација.

Германците се фалат со поголем простор за рамената, лактот и главата, како и полесен пристап на задните седишта. Подобрен е недостатокот на прегледноста, додека капацитетот на багажникот изнесува 370 литри, односно 29 литри повеќе во однос на до вчера актуелниот модел.

Најголемата новост е во внатрешноста каде што новата „А Класа“ доби напреден инфотејнмент систем составен од два големи екрани споени во една „командна табла“. Двата екрани ќе бидат достапни со големина од 7-инчи, еден 7-инчен и друг 10,25-инчен, односно со доплата два од 10,25-инчи.

Кога станува збор за моторите, кај А200 под хаубата е сместен новиот бензински мотор со кодно име М282 кој што е 1,4-литарски со 163 коњски сили и 250 Nm максимален обртен момент. Тука е и А250 кој што под хаубата има 2,5-литарски бензинец кој што испорачува 224 коњски сили и 350 Nm максимален обртен момент.

Дизелската понуда засега доаѓа само со 1,5-литарскиот мотор кој што ќе испорачува 116 коњски сили и 260 Nm максимален обртен момент. Двата мотори доаѓаат исклучиво со новиот 7G-DCT менувач, а секако ќе биде достапна и 4Matic изведба.

Новата „А Класа“ од безбедносна опрема ќе поседува технологија за предвидувања на опасност на патиштата, задржување во една лента, надзор на мртов агол и слично.

Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа