Познатата BMW Isetta, која оригинално била претставена во Европа кон половината на 20-от век e клонирана од страна на кинеските произведувачи на автомобили, кои своите возила ги продаваат исклучиво на домашниот пазар.

Модерната кинеска реинкарнација ја носи ознаката Eagle EG6330K и по дизајнот на надворешноста личи на некогашната продолжена верзија која се продавала како BMW 600 кон половината на 20-от век.

Наместо малиот бензинец кој ја придвижувал оригиналната Isetta, кинескиот “клон” има електромотор од “цели” 5,3 коњски сили.

Електричната енергија се чува во батерии со капацитет од 72 kWh, а Eagle EG6330K има автономија во возењето од околу 120 километри и може да развива максимални 60 км/ч.

Произведувачот не ја открива цената на ова возило, но се проценува дека Eagle EG6330K би можел да изнесува околу 4 илјади долари. Од фабриката истакнуваат дека овој автомобил е наменет за младата популација која живее во големите градови во Кина.

Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа