Vip
Пред да започнете да ја читате листата подолу, сакаме да Ви кажеме дека оваа статија е напишана за учениците од Орце Николов и истата, спротивно на насловот има за цел да покаже дека, тие ученици всушност не се вистински хулигани. Веројатно сè уште не можете да ја сфатите поентата на муабетот, но верувајте, постои. Броењето започнува ... сега.

orce-nikolov

Што прават хулиганите од Орце Николов?

- Го носат ранецот на едно рамо.
- Спијат за време на одморите.
- Ги хејтаат хулиганите од другите гимназии.
- Прават 3 теста во еден ден.
- Ја пишуваат домашната задача во школската тетратка.
- Ја бришат таблата и кога не се дежурни.
- Не ги острат моливите.
- Ги учат лекциите пред да им бидат предадени.
- Го кажуваат одговорот без да кренат рака.
- Пишуваат СМС пораки додека трае часот.
- Намерно поминуваат на зелено.
- Не плачат кога ќе добијат четворка.
- Возат велосипед со една рака.
- Носат црни маици на физичко.
- Ги кршат кредите.
- Се клацкаат на столче.

На крајот на денот, сите знаеме дека во оваа гимназија учат прекрасни деца. Да не можеш крајот да ни го фатиш. Што е тука е, сепак поголем дел од администрацијата на бркајработа, се токму ученици на Орце, па неизбежна беше појавата на оваа статија.

Н.А. | бркај работа

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila