Vip

Мамењето на тестови е постаро и од самите испити, но Индијците го доведоа до невидени размери.

Така минатонеделниот во државата Бихар, на истокот на Индија родителите и роднините на учениците во 10-то одделение   буквално се искачувале по надворешните ѕидови за да им дошепнат и да им подадат ливчиња за препишување на своите деца, кои во моментот ги полагаа годишните испити.

math.exam

Дури и полициските офицери во шок стоеја и ја набљудуваа целата претстава. Како што се вели, добар дел од учениците успеале да прокриумчарат тетратки и учебници, и покрај силното обезбедување на испитните центри.

Според образовните експерти, мамењето на испитите е само одраз на подлабоките проблеми во едукативниот систем на Индија – отсутни професори, фокус на површно учење на памет и неадекватна училишна инфраструктура. Сепак, сликата на родители што се качуваат по ѕидови и буквално ги ризикуваат животите за да помогнат при испит, ги шокираше дури и самите Индијци.

test-mat02

Преку 1.4 милиони ученици ги полагаа тестовите, а дури 500 беа избркани во инцидентот.

test-mat02

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila