Siri „говорниот асистент“ на Apple iPhone ја прекина прес-конференцијата во Белата куќа.

Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест одговараше на прашањата за неуспехот на Барак Обама за добивање на поддршка од членовите на републиканската партија за нуклеарниот договор со Иран.

Во моментот кога еден од новинарите го праша портпаролот дали претседателот Обама е вознемирен поради тоа што не ја доби поддршката, на ова се јави Siri и одговори: „Извинете, не знам што сакате да промените“ по што сите се изнасмеаа, а една новинарка рече „Ова беше баш во вистински момент“.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа