Инцидентот се случил вчера изутрина кога Paranautical Activity (Името на играта) беше ставена на главната страна на Steam како дел од листа со игри со Ноќ на вештерките тематика. Таа листа пишуваше дека играта е во “рана фаза на развој“ а всушност играта беше потполно излезена. Оваа погрешна информација резултираше со иритирани и полни со пцовки твитови од Маулбек за Стим - „погрешно ги информираат луѓето дека играта ми е во е*ан развој...Steam е нај некомпетентната збирка на го*на...е*аниот Steam само сака да ми ги земе парите од џеб. Се надевам дека останатите игри кои излегуваат немаат потреба да играат ваков ужасен монопол.“

Од тогаш, во сега избришан Твит, (сликнат од екранот од еден од интернет корисниците) Маулбек отиде чекор премногу „Ќе го убијам гејб њувел“ тој напиша „Тој ќе умре.“

gabethreat

Маулбек потврди дека тој ја направил оваа закана на Твитер, додавајќи дека „очигледно не го мислел тоа така“ и дека „тотално е неоправдливо и било напишано во афект“. Штетата веќе била направена, Paranautical Activity беше тргната од Steam и студиото Code Avarice беше додадено на црната листа. „Ја тргнавме играта од страницата и прекинавме секакви интеракции со развивачот откако се закани дека ќе убие еден од нашите вработени,“ изјавувач вработен од Valve кажа.

Во статија на Code Avarice блогот, Mike Maulbeck изјави дека ќе се повлече од компанијата и го префрла неговиот дел на неговиот пријател Травис Пфенинг. Овој подвиг е за да докаже на компанијата Valve дека вака ќе „нема право да држи љутња кон компанијата поради неговите грешки, и макар играта да не се врати на продавницата, идните проекти на Code Avarice да им биде дозволено да останат на платформата.“

Откако се извини за неговиот темпераментен твит, Маулбек кажа дека „мојот темперамент и тенденцијата да го користам Твитер како издувен вентил е проблем уште од почетокот на мојата кариера со развивање на игри, и едноставно не можам. Ја немам моќта потребна да бидам „лице“ на компанијата. Ако треба ќе работам во фирма анонимно како еден од 1000 други развивачи во некоја проста корпорација, откако да бидам јавно лице во компанија со помалку од 10 вработени.“

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа