Настани
1281 Мартин IV станува папа.
1819 Шпанија ја продава Флорида на САД за 5 милиони американски долари.
1879 Во Јутика, држава Њујорк, САД, Френк Вулворт ја отвора првата продавница од својот синџир на продавници.
1979 Карипскиот остров Света Луција стекна независност по 165 години британска управа.
1980 Израелската Влада донесе одлука за пуштање во оптек на нова национална валута, шекел, која ја замени израелската фунта.
1980 Хокејарската репрезентација на САД извујува победа над екипата на СССР во финалето на Зимските Олимписки Игри 1980.
1994 Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Кралството Белгија. Во Брисел, со размена на дипломатски документи, Кралството Белгија воспостави дипломатски односи со Република Македонија.
2011 Градот Крајстчерч во Нов Зеланд е погоден од катастрофален земјотрес.
Родени
1403 Шарл VII Победникот, крал на Франција.
1732 Џорџ Вашингтон, првиот претседател на САД.
1788 Артур Шопенхауер, германски философ.
1857 Хајнрих Рудолф Херц, германски физичар.
1878 Христо Узунов, еден од плејадата големи македонски револуционери во борбата за македонското социјално и национално ослободување.
1932 Едвард Кенеди, член на Демократската партија на Америка.
1935 Данило Киш, еден од најголемите југословенски писатели со светско реноме.
1959 Кајл Меклахлан, американски актер.
1990 Тарас Бурлак, руски фудбалер.
Починале
606 Папа Сабинијан, римски папа.
1512 Америго Веспучи, италијански морепловец.
1888 Ана Кингсфорд, англиски доктор.
1907 Митре Влаот, македонски револуционер.
1987 Енди Ворхол, американски уметник, режисер и писател.
1988 Петар Богданов - Кочко, македонски композитор, оперски пејач (тенор) и организатор на музичкиот живот во Македонија.
