remi_gaillardРеми Гилард ќе ви подари iPad. Но, за тоа ќе мора да го импресионирате лично него, или барем неговите обожаватели. Во соработка со dailymotion.com егзибиционистот има намера да го направи “највисокиот“ лифт на интернет мрежата. Па, од своите обожаватели кои му поклонија 300 милиони посети на овој сајт бара да направат римејк на неговиот познат скеч со лифтот. Значи, тој од вас сака да направите ваша верзија на “лифтот“, луда, смешна, оригинална верзија која ќе зависи исклучиво од вашата креативност. Потоа, праќајте ги вашите видеа кои не смеат да имаат поголема должина од 35 секунди ТУКА, и надевајте се дека ќе им се допаднат на гледачите ширум светот.

Вториот дел од задачата е да гласате за останатите. Оној клип кој ќе има највеќе гласови, ќе ја освои наградата, а еден клип кој ќе го импресионира најмногу лично Реми, исто така ќе добие iPad.

ВАЖНО: Видеата не смеат да содржат насилство, то ест ниту самите учесници ниту било кој од учесниците во клипот не смее да биде здравствено загрозен (повреден), или да оди спротивно на законите.Официјалното видео на оваа тема, го има ТУКА. Натпреварот трае до 27 ноември. Значи, мрднете.

Во продолжение, да знаете што од прилика треба да правите доколку не сте го виделе токму клипот за лифтот, еве го Remi Gaillard во свој елемент:

п.с. Видеата кои ќе ги снимите, пратете ни ги и нам на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . Ако ни се допаднат, ќе ги објавиме и ние за македонската публика. Добра забава и без кршење екстремитети...

zj 300x250-min

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа