flash-mob-skopjeЗнаете што означува англискиот термин Flash Mob? Не? Означува навидум спонтано здружување на минувачите на едно место коишто изведуваат уметничка точка, во случајов танцуваат.

Вчера, во скопскиот Веро центар, вистинските случајни минувачи беа пријатно изненадни од другите „случајни“ минувачи. Кога во центарот засвири популарната Beat it од Мајкл Џексон, наеднаш околу 50-ина момци и девојки се здружија за да играат заедно и да се забуваат, како тие, така и публиката околу нив.

Овој начин на уметничко изразување не е воопшто невообичен низ светот, а еве и скопјани имаа можност вчера да бидат дел од светскиот тренд. Секоја им чест на овие прекрасни луѓе за овој потег.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа