Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, денес на своето работно место отишол со автобус број "2", а некои од патниците тоа го снимиле и објавиле на социјалните мрежи.

Како што е веќе познато, градот донесе одлука за бесплатен јавен превоз, поради големото загадување на воздухот, кое достигнува алармантно ниво. И самиот градоначалник решил на своето работно место да оди со автобус.

Превозот во автобусите на ЈСП, но и во приватните, ќе биде бесплатен сè додека не се намали големото загадување на воздухот во нашата престолнина.

Градоначалникот со овој потег веројатно сакал да ги поттикне и останатите Скопјани да ги остават своите автомобили и да се возат со јавниот градски превоз.

zj 300x250-min

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа