Неодамна странските медиуми ги обиколи видеоснимка од еден разуздан пар кој имаше сексуален однос во парк во Манчестер и тоа среде бел ден.

Меѓутоа, за време на сексот нив ги начека сопственикот на „шкодата“, односно на автомобилот на чија хауба се одвиваше жестоката акција. Отстрана ситуацијата ја набљудуваше и едно момче, кое се задржа само на гледање и на никаков друг начин не се вмеша во целата случка.

Кога се појави лутиот сопственик на автомобилот, засрамените љубовници набрзина ги облекоа панталоните и колку што можеа побрзо заминаа од местото на настанот.

Сопственикот на автомобилот веднаш го однесе своето возило на миење, а дали неговата реакција беше претерана или не, процените самите.

banner

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа