Островот Галешњак се наоѓа во близина на јадранскиот брег на Хрватска. Тројца од најпознатите специјалисти за „скајдајвинг“ направија групен скок над островот кој личи на срце, како своевиден поздрав кон сите за Св. Валентин.

Ејми Шмелецки, Марко Фурст и Марко Валтеншпиел требаше да почекаат времето да се подобри, за да се издигнат над природата, достојна разгледница.

Организаторите од „Редбул“ раскажуваат дека конечно ветерот ги протерал облаците и тие го оствариле скокот и покрај студот и не особено добрите услови за скок.

Шмелецки, кој е ветеран со над 16.000 летови, го изгубила својот багаж и се наложило да земе опрема од локални колеги. Една од најтешките работи во настојувањето било комплицираниот терен, на кој се приземјуваат.

- Неверојатен скок над целата оваа убавина и сите оние мали островчиња околу Островот на љубовта - коментира таа.

- Една од работите поради кои го правам ова е да летам над убави места, па овој проект беше многу посебен за мене. Хрватска се покажа сè, за што сум сонувала - вели таа.

Инаку овој остров е многу баран за свадби и венчавки. 

Претходно од оваа категорија:

cuvariNaGalaksijata

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа