Со филмовите на легендарниот Брус Ли, кој почина во 1973 година, израснаа генерации и многу деца ги засакаа источните борачки вештини токму поради неговите улоги.

Но, освен на големиот екран, каде што Брус Ли можеше да се носи со еден, двајца, па и со повеќе противници во исто време, речиси е невозможно да се најде видео кое покажува каков борец навистина бил Брус Ли, односно каков мајстор бил позади камерите.

Оттука не е за изненадување што видео од натпревар кој се одржал во далечната 1968 година привлече огромно внимание во јавноста бидејќи истото покажува дека Брус Ли не морал да глуми во филмовите, тој навистина можел да го совлада секој противник.

Дури и најголемите скептици ќе замолчат кога ќе ја видат брзината на неговите кунг-фу потези...

milenium-baner

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа