Огромна црна мечка го нападнала туристот Наипума Промратеа (36) на Тајланд, додека држел чинија со ориз на јаже над главата од ѕверот.

Животното се качило на задните нозе и го зграбило и повлекло човекот на дното на оградениот простор. Почнало да го гризе, а во еден момент веќе онесвестениот човек го одвлекло кон својот кафез.

Оваа ужасна сцена ја набљудувале пријателите на несреќниот човек, обидувајќи се на сите можни начини да го спасат од вилицата на разјарената мечка.

Го удирале со стапови, го поливале со вода, но безуспешно. Кога мечката го однела во своето дувло, пријателите на несреќниот човек скокнале и ѝ го одвлекувале вниманието на мечката. Тогаш успеале да го тргнат пријателот на сигурно.

Несреќниот човек е сместен во болница каде е опериран.

Инаку, Наиупума со пријателите тој ден дошол во посета на храмот во руралниот дел од Печабун провинцијата, каде монасите чуваат неколку диви и домашни животни, кои посетителите може да ги хранат.

Неколку дена пред овој ужасен напад, монасите од Ват Луанг Пор Ламаи објавија дека им се потребни донации зошто некои од животните им се гладни.

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа