Vip

Десетгодишната Анџелика Хејл го оставила без текст жирито на музичкото шоу “America’s Got Talent” кога го отпеала популарниот хит “Symphony”.

Имено, Хејл го отворила финалето на ова шоу, а жирито изјавило дека веднаш можат и да го завршат истото и да ја прогласат за победник. Анџелика била придружувана од оркестар, а во позадина се гледале само силуетите на музичарите.

Десетгодишното девојче имало спектакуларен настап, но сепак завршила на второто место.

Пред учеството на ова талент шоу, Хејл имала бројни настапи ширум САД, преку кои собирала средства за детските болници “Children's Miracle Network Hospitals”. Нејзините родители изјавиле дека таа почнала да пее кога имала само две години.

Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila