Пјонгјанг објавил серија фотографии и видео-колажи на кои севернокорејските ракети наводно уништуваат американски бомбардери и носачот на авион "Карл Винсон".

Видеото објавено на сајтот "DPRK Today", почнува со исечок на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп пред војниците во базата "Andrews" во Мериленд.

Потоа следуваат фотографии од бомбардерот "B-1b" и ловецот "F-15C", кои се помош на компјутерска графика се уништени од ракети. На сличен начин севернокорејска подморница го напаѓа нуклеарниот носач на авион "Карл Винсон".

Снимката се појавила откако бомбардерите на американската авијација заедно со ловците прелетале во меѓународниот воздушен простор над брегот на Северна Кореја, приближувајќи се до границата на демилитаризираната зона.

Американскиот претседател во своето прво обраќање од говорницата во ОН се заканил дека целосно ќе ја уништи Северна Кореја. Тој исто така Ким Јонг Ун го нарекол диктатор со самоубиствена мисија.

Претходно од оваа категорија:

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа