За време на неодамнешниот масакр во Лас Вегас се случи нешто што навистина што ретко може да се види - еден од посетителите на концертот стоеше исправено додека сите останати лежеа на земја и се криеја од куршумите.

Додека сите лежеа на земја преплашени, тој се исправи на нозе и започна да го навредува пензионерот кој што пукаше од својата хотелска соба на 32. кат. Еден од присутните на концертот го забележал моментот и го снимил, по што видеото за експресно кратко време се прошири на интернет.

Пензионерот Сивен Педок уби 59 лица и рани над 400 откако од својата хотелска соба на 32-ри кат, отвори оган кон насобраниот народ кој што присуствувал на концерт на кантри музика во Лас Вегас.

Станува збор за најсмртоносниот напад со огнено оружје во историјата на Соединетите Американски Држави.

Американските власти открија дека во неговата хотелска соба во „Менделеј Беј“ биле пронајдени 23 парчиња оружје со специјални направи кои што полуавтоматските пушки ги претворале во автоматски пушки. Покрај тоа, во неговиот дом биле пронајдени уште 19 парчиња оружје.

Претходно од оваа категорија:

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа