Vip

На интернет се појавила снимка од стаклениот мост во Кина, по кој одат група туристи. Мостот е поставен на висина од 1.179 метри над нивото на морето. 

Во еден момент подот почнува да пука и водичот на групата во шок паѓа на колена, додека пукнатините под него стануваат поголеми и поголеми. Оваа застрашувачка сцена се случила на планината Таиханг во кинеската покраина Хебеј.

Откако настанала снимката, се огласиле и локалните власти, кои се извиниле и објасниле дека стаклото кое пука, всушност претставува провокација за посетителите.

Патеката, имено, била така направена што помали фрагменти од стакло биле поставени меѓу слоевите стаклени плочи, па кога се оди по дел на патеката, стаклото произведува звук и изгледа како да се крши под нозе.

Иако видео снимката предизивкала многу негативни реакции од корисници на социјалните мрежи во Кина, надлежните немаат намера да ги заменат овие плочи, бидејќи сметаат дека луѓето сакаат хорор.

Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila