Една видео снимка ја остави во шок целата британска јавност на која се гледа како една мајка го влече своето дете по тротоар на ремен во центарот на Ливерпул.

Имено, мајката шетала со синот кој бил на ремен за деца. Малечкиот во еден момент паднал, меѓутоа наместо да го подигне детето таа продолжила да го влече по асфалтот.

Авторот на снимката Џо Каин тврди дека снимката е вистинска и дека бил сведок на ужасниот настан и одлучил да ја сними суровата мајка.

Жената во една рака го држи ранчето на детето, а со друга го влече ременот на кој е детето, но тоа не им пречело на другите минувачи кои не се обѕирале на она што се случува.

Снимката од мајката е објавена на Твитер, каде бројни корисници коментираа, а некои од коментарите беа: Ова изгледа гадно! Зошто никој не го спречил?

Претходно од оваа категорија:

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа