Видеото го покажува моментот кога таткото на осум деца очигледно се лизнал и паднал во провалија, а се обидува да сними роденденско видео.

Имено снимката објавена на Facebook во неделата го покажува Халил Даг, кој стои на врв на карпа во градот Урфа во Јужна Турција и ги крева двете раце за фотографирање.

Тој скока од карпата со триумфален извик, но губи рамнотежа при доскокот, и се лизга кон работ на 164 метри високата карпа.

Неговиот шокиран пријател вика по него и се обидува да му помогне, но без корист.

38. годишниот Даг паднал на дното на карпата во близина на курдски ресторан и бил одведен во болница во Баликлигол, каде починал.

Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа