Шокантно дело е фатено на видео снимка минатиот понеделник во кинескиот град Сунавеј.

На снимката се гледа како маж во црвена маица носи нешто во рацете, а во следниот момент го фрла во контејнерот. Потоа ги става рацете во џебовите и полека заминува, како ништо да не се случило.

Бебето го пронашла постара жена, го замотала во ќебе и ја известила полицијата, која ги прегледала снимките и брзо ги пронашла родителите.

Во текот на сослушувањето дознале дека мајката била во осмиот месец од бременоста кога девојчето се родило, а пред тоа ниту еднаш не била на преглед.

Таткото раскажал дека неговата девојка се пожалила на болки во стомакот, и кратко потоа родила дете во дневната соба.

Тој новороденчето го ставил на кревет и се погрижил за својата девојка, соопштила полицијата.

Дури два часа подоцна го погледнал бебето, кое било помодрено, па заклучил дека е болно од неизлечива болест и дека нема да преживее.

Лекарите, меѓутоа, констатирале дека бебето е здраво, па по деталниот преглед ќе биде дадено на надлежните установи.

Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа