Студениот бран проследен со екстремно ниски температури кој што деновиве го зафати Казахстан ја шокираше целата светска јавност.

Имено фиксните ниски температури кои што достигнуваат и до -42 Целзиусови степени буквално ја замрзнаа државата и замрзнаа се што остана надвор од засолниште.

Поларните температури веќе една седмица претставуваат голема закана по животот на луѓето и целиот животински свет, а видео снимките кои што се појавија на инернет на кои што се гледа како животните се буквално замрзнати во движење личат на некој Холивудски филм.

Овој месец Казахстан се соочува со рекордно ниски температури кои што најмногу досега се приближија на регистрираниот рекорд од 5-ти јануари 1893-та година кога биле измерени дури -51,6 Целзиусови степени.

Последен пат кога оваа азиска земја била зафатена од толку студен бран со ниски температури било во јануари 2006-та година.

Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа