Никола Саркози почнува и премногу да наликува на некогашниот славен владетел на Франција, Наполеон Бонапарта.Многумина го обвинуваат за нарцисоидност и самобендисаност актуелниот француски претседател, нешто кое што Наполеон дефакто го имал своевремено, а да не зборуваме за споредбата со висината на двајцата „владетели“. И двајцата се високи околу 165 сантиметри, со тоа што за Бонапарта шпекулациите одат до „храбри“ 168.
Сепак, најинтересниот податок којшто Саркози го претвора во реинкарнација на Бонапарта е фактот којшто вели дека во француската историја, последен пат еден лидер добил наследник за време на своето владеење, токму кога Наполеон бил на чело на државата.
Саркози вчера доби ќерка од својата сопруга Карла Бруни. Таа пак има едно дете од претходната врска, а претседателот веќе има три деца од претходните два брака.
В.Н. | бркајработа
