gototop

Продавачката во една продавница за алкохол не сакала да и продаде алкохол на една 92 годишна старица бидејќи таа со себе не носела лична карта со која, според продавачката, морало да докаже дека е полнолетна.

На 92 годишна бабичка не и продале алкохол бидејќи немала лична карта

Дијан Тејлор во продавницата влегла за да купи шише виски за својот син, но продавачката инсистирала таа да покаже лична карта.

„Ситуацијата ми беше помалку глупава, бидејќи помислив дека продавачката ми дава комплимент. Но, сфатив дека не се шегува, па го извадив месечниот билет за автобус и книшката за крводарител. За жал и тоа не помогна“ - изјавила Дијан.

Портпаролот на продавницата One Stop Shop се извинил во име на персоналот, но и нагласил дека не смеат да продаваат алкохол додека не ги прегледаат документите на купувачот.

Дијан сепак го купила своето виски, но во друга продавница. „Апсолутно се сложувам со нив дека треба да ги прегледуваат документите на младите, но ова беше навистина смешно“ - додала таа.

И.К | бркај работа

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

Додај коментар


Мачор во чвор
kolumni

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email
mojot-grad