george-parrotЏорџ Перот е факултетски професор по психологија во Сакраменто којшто од своите студенти побарал на првиот час да донесат колачиња. Но, бидејќи колачиња не добил, студентите не добиле редовен час.

Откако сфатил дека ниту еден од студентите не му донел нешто да прикасне од сабајле, лутиот професор си излегол од предавалната и заминал на доручек со асистентот. Збунетите студенти најверојатно не биле кој знае колку разочарани.

„Носењето на колачиња ја намалува формалноста и оттуѓеноста на часот што е еден од најголемите стресови на студентите“ - изјавил професорот за медиумите.

Професор Перот си заминал со зборовите „Нема колачиња - нема настава, сега ќе морате сами да си ги спремите есеите“. Тој им објаснил дека кога ќе доаѓаат, треба да донесат колачиња и тоа најдобро би било доколку тие се домашни. Изгледа не му се погодил премногу домаќински клас.

Официјалните лица на факултетот изјавиле дека ќе покренат истрага. Супер, само за што, за бегањето на професорот од работа или за недомаќинското однесување на судентите?

В.Н. | бркајработа

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа