gototop

japan-cyclistЈапонецот Кеичиро Кавахара тргнал на пат околу светот на својот велосипед и патувањето било прекрасно се додека не застанал во кинескиот град Вухан, го оставил на плоштадот меѓу илјадниците велосипеди и додека се свртел велосипедот го снемало.

Велосипедот којшто чинел околу 1500 евра, веднаш бил пријавен полиција, а од таму со неволно срце, полицајците тргнале на единственото место каде што може да се најде украден велосипед - на пазарот за велосипеди, најверојатно сите украдени. „Точачето“ на Кавахара штрчело како Ферари меѓу Пеглички, но во своето опкружување и прилично ја спуштило својата цена. Се продавал за скромни 120 евра.

Според весниците на далечниот исток, може да се заклучи дека тие се исти како нас. Некои веднаш фатиле сеир, некои напишале како се засрамени од тоа што се случило во нивниот град, а некои го обвиниле Јапонецот за снобизам.

Еве како одлично тоа го објасниле кинеските неутрални новинари. Една прекрасна видео сторија, сигурни сме дека ќе разберете совршено што сакавме да кажеме.

В.Н. | бркајработа

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

Додај коментар


Мачор во чвор
kolumni

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email
mojot-grad