има и побрзи од гепардот

Досега се знаеше дека гепардот е најбрзото животно на светот. Меѓутоа, истражувачите од универзитетот во Данска дошле до изненадувачко откритие дека оваа „титула“ треба да биде доделена на еден вид лушпари кои имаат големина од еден до два милимитери. Тие живеат како во морска, така и во слатка вода. Научниците од Данска анализирале низ видео снимки на кои се гледа како овие мали планктонски животни скокаат со спектакуларна брзина.

За само една секунда копеподите минуваат растојание кое е неколку стотици пати поголема должина на нивното тело. Тие се движат со брзина од околу три до шест километри на час, но гледано од агол на човечките размери, резултатите се далеку поимпресивни.

Лушпарите кои имаат четири пара нозе, се движат во скокови. Земајќи го во предвид отпорот на водата, средина во која тие живеат, мускулите на копеподите се десетпати посилни од мускулите на сите останати животни-велат научниците.

 

 

password-april-maj-2014-2

prljavo-vlado

pevajbrate

logo milenium
Мисла на денот
Виц на денот
Стрип на денот
Фото на денот
Со желба за знаење
galerija

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email