Малата Габи Ман од Сиетл во последните четири години редовно ги храни гавраните а тие не остануваат должни враќајќи ѝ со парчиња метал, копчиња, завртки, навртки, мали пластични предмети и сè друго што има голема вредност во нивниот гаврански свет.

Па така одвреме-навреме добива по некој подарок кој е поразличен од сите други, затоа што не добива секој подарок од гавран.  Габи денеска има уникатна колекција од предметчиња. Има добиено и парче метал на кое пишувало Best и сега  го чека и вториот дел на кој мора да пишува Friend.

Еднаш дури ја вратиле и загубената леќа од фотоапратот на мајка ѝ. Така е тоа кога имаш гаврани за пријатели.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа