Сè што е поврзано со потонувањето на славниот брод Титаник, кој својата прва пловидба ја заврши на 15 април 1912 година на дното на Атлантскиот океан, денес постигнува многу висока цена, па така колекционерите и историчарите се заинтригирани откако на аукција се појави мени од луксузната вечера која му претходела на несреќниот настан.

Богатиот патник од прва класа, Абрахам Линколн Саломон, пред да се качи во чамецот за спасување, во кој спас пронашле само 12 луѓе, со себе го понел менито од последната вечера.

Се проценува дека менито би можело да достигне цена од дури 70.000 долари.

Последната вечера на Титаник била навистина раскошна и богата, па така одбраните луѓе можеле да уживаат во цела низа на специјалитети.

На менито имало неколку јадења од пилешко, солено говедско со зеленчук и кнедли,  разни видови на шунка, болоњезе сос, јазик од бик, цела палета на сирења, овчо на скара, компири на повеќе начини, пудинг, колач од јаболка, филети ромба, лосос, шкампи, харинги, сардини, телешко,, а сето тоа го залевале со едно од најдобрите пива во тоа време, кое пристигнало директно од Минхен.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа