Селото Асола Фатехпур Бери е најсилното село во Индија. Веќе со генерации, мажите од ова село напорно вежбаат два пати на ден и се вистински бодибилдери.

silni.01

Од тинејџерите до мажите во 50-тите години, овие атлети секојдневно се потат и тренираат во Акхада, што во превод од хинду јазикот значи боречка арена.

Таму се борат во калта, се качуваат на јажиња и прават по илјадници стомачни вежби и склекови додека се потпираат на цигли. Исто така, се носат меѓусебно на грбот, што е дел од традиционалниот индиски стил на вежбање, а некои од нив можат да кренат и мотори од по 350 килограми.

silni.01

- Тие се хранат здраво и вежбаат секојдневно, ете зошто се толку силни - објаснува Виџај Танвар, главниот тренер на Акхада.

Овие мажи обично наоѓаат работа како обезбедување во Њу Делхи, што е многу барана работа во овој град.

Момците од ова село научиле дека кревањето тегови е начин да останат во форма, како и да заработат за живот.

- Здравјето е богатство. Не само што сме здрави, туку заработуваме и пари и можеме да ги испраќаме децата во добри училишта и да им овозможиме здраво да се исхрануваат. Што ни треба повеќе во животот - вели еден од нив, Сону Танвар (19).

silni.01

Иако постојат модерни теретани во селото, поголемиот дел од нив го преферираат традиционалниот начин на вежбање. На тој начин телото станува пофлексибилно и се намалува ризикот од повреди. Овие момци не пијат и не пушат, а поголемиот дел од нив се вегетаријанци. Главно се исхрануваат со овошје и зеленчук, јогурт и доста млеко.

 

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа