Базата “Бондстил“ е најголемата американска воена база изградена после Виетнамската војна било каде во светот, а по некои параметри, најголемата американска база во Европа.  

Американската база лоцирана во Косово е најпознатиот и воедно најпрочуениот по злосторства американски воен комплекс во Европа и се наоѓа во близина на Урошевац-источниот дел на Косово. Името го добила во чест на постариот водник на американската војска Џејмс Бонстил кој војувал во Виетнам и добил медал за чест-најголема воена награда во САД.

Формално Бонстил служи како седиште на Повеќенационалната оперативна група ,,Исток“ под команда на САД, но нејзиното вистинско значење ги надминува задачите на мировните единици на КФОР.

Базата завзема површина од 3,86 квадратни километри, со неправилен облик, а нејзиниот обем изнесува околу 11,3 km. Во базата има околу 300 објекти, а меѓу нив инфраструктура за стационирање на хеликоптерските, артирелиските и тенковските единици, автономен систерм за снабдување на електрична енергија и вода , ТВ систем, кино, трговски центар, голем спортски комплекс, библиотека, затворен базен и супермодерен болнички комплекс. Вкупната должина на патиштата на територијата на базата изнесува 25 km. Комплексот е заобиколен со земјен и бетонски штит долг 14 km со бодликава жица и 11 посматрачници.

Таа од самото отворања има за задача да спроведува тајни операции кои не можат да ги контролираат ни ОН, ниту европските и евроатлантските организации, вклучувајќи го и НАТО. Тоа го потврдува фактот дека „Бонстил“ директно е под контрола и одговара само пред Пентагон и има екстериторијалност.

Базата воедно се користи за контролирање на водите на Средоземното и Црното море, како и патиштата кон Блискиот Исток, Северна Африка и Кавказ. 

 Доколку на југоисточното крило на НАТО избувне војна „Бонстил“ ќе биде главна база за организирање и изведување на операции од страна на американската армија. Поради тоа, единиците на армијата на САД стационирани во овој комлекс ќе им пружат поддршка на аеродромите во Тирана, Драч, Приштина, Болоња, Скопје и Тузла.

 

zj 300x250-min

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа