Vip

Гравитацијата да не постои кога станува збор за специјалците од Виетнам. Тие на една од своите вежби покажаа досетлива тактика со која лесно можат да се искачат по згради одејќи по ѕидовите. Оваа нивна показна вежба стана апсолутен хит на социјалните мрежи, па не би било чудно доколку истата тактика ја применат специјални единици и од други држави.

Имено, единицата за специјални задачи на Виетнам покажа како се упаѓа во стан на трети кат, за разрешување заложничка криза. Но, наместо да користат скала, или, пак, да се спуштаат по јажиња од покривот на зградата, тие „нападнаа“ со огромен стап.

Начинот на кој го користат стапот ќе ве воодушеви. Зачудува како специјалците успеаја со толкава леснотија да одат вертикално по ѕидот, без да изгубат рамнотежа.

Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila