Воените пилоти дале одлични оценки за брзината и прецизноста на маневарските способности на најновиот руски ловец Миг-35, чии што тестирања штотуку започнаа - рече заменик министерот за одбрана на Русија, Валериј Борисов.

Борисов додаде дека авионот ги исполнил сите очекувања на пилотите, се покажал многу добро кога станува збор за маневарските способности и стабилноста, а сите инсталирани напредни системи исто така работеле без грешка, иако станува збор за прва фаза од тестирањето.

Руската воздухопловна корпорација го претстави својот најнов ловец Миг-35 од генерацијата 4++ на почетокот од оваа година, а авиоонот е во состојба ефикасно да погоди мети во воздух, на море и на копно, а воените експерти задолжени за текот на тестирањето се пофалиле  велат дека авионот ги руши сите закони на физиката.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа