Полицијата во американската сојузна држава Џорџија отворила истрага против еден свој службеник откако бил снимен како брутално тепа бездомничка на бензинска станица. 

Вознемирувачкото видео прикажува полицаец како со пендрек ја удира Кејти Мекари по целото тели и и вели да престане да се спротивставува и да ги стави рацете на грб или ќе ја застрела е главен доказ поради кој бил уапсен полицаецот. 

Исто така се слуша како беспомошната жртва вриска на подот, а сведоците го молат полицаецот да не ја убива. Полицијата била повикана бидејќи Кејти барала милостина од клиент на бензинската станица.

На крајот од снимката полицаецот и става лисици на раце и ја одведува, а несреќната жена време повторува: "Што направив?".

- Денес кога го имаме овој нов доказ, повторно го отворивме случајот и ќе утврдиме дали инцидентот се случил во склад со законот.

Полицаецот при апсењето на Мекари изјавил дека ја претепал бидејќи се обидела да го турне и да замине од станицата, а му ја зграбила и значката.

Мекари од затвор била преместена во болница.

Претходно од оваа категорија:

zeljko-samardzic-ohrid

milenium-baner

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа