Русија е првата земја на светот која направи тестирање на хиперзвучен проектил  "Circon", кој наскоро би требало да биде вброена во арсеналот на руската војска.

Како што се оценува, постоењето на овој проектил драстично ја менува ситуацијата на морето, со оглед на тоа дека не постои заштита од него. 

Истовремено проектилот во голема мера ја намалува ефикасноста на флотите предводени од носачите на авиони, што претставува главна моќ на американската војска.

Според тврдењето на весникот Washington Post, овој проектил претставува огромно придвижување кога станува збор за несиметричното вооружување, во споредба со кое американскиот противракетен штит изгледа како застарен модел на оружје.

Проектилот е со должина од 10 метри, а е во состојба да мине 350 до 500 километри и тоа со брзина од 9.800 километри на час, што е осум пати побрзо од брзината на звукот.

Покрај тоа, голема предност е тоа што е можно да се лансира од веќе постоечки комплекси.

Претходно од оваа категорија:

zeljko-samardzic-ohrid

milenium-baner

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа