Vip

Роман Афанасјев (31) од сибирскиот град Зеленогорск се товари дека го довел во опасност своето 6-месечно бебе и сето тоа го снимил и објавил на Јутуб.

Додека го возел БМВ-то, отворил прозор низ кој го извадил бебето и го држел со една рака, додека со другата рака го држел воланот на автомобилот.

Пред полицијата кажал дека своето бебе не го изложил на опасност, бидејќи само сакал да "биде како него и од ништо да не се плаши". Поради ова тој се соочува со три години казна затвор.

Неговата снимка предизвика бура од коментари на интернет. Луѓето го нарекуваат "лудак", "болен" а други "будала".

Иако тврди дека "секогаш и се контролира" и дека ниедно од неговите деца не довел во опасност, неговото однесување го прифаќа и неговата жена Кристина, а двајцата за разговор со новинар барале голем паричен надоместок, иако се соочуваат со губење на старателството над своите деца.

Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila