Дан Билзериан кој светската популарност и 23-те милиони фанови на Инстаграм ги стекна благодарение на тоа што секогаш е окружен со жени и неговата куќа е полна со оружје направил нешто што е навистина одвратно. 

Во неделата навечер, Дан Билзериан бил во Лас Вегас за време на масакрот, најголем во историјата на САД. Како што рекол, една жена покрај него била погодена со куршум во глава.
Додека одел меѓу лешовите кои лежеле на плочникот, ја свртел камерата кон себе, снемал здив, и на почетокот се обидел да го оправда имиџот кој со години го градел на социјалните мрежи.

- Се обидувам да земам пиштол - вели тој во клипот. - Јас се вратив назад... Видов девојка застрелана во глава, мозокот и висеше од главата.

На следната снимка, која кратко била поставена од профилот на Билзериан и од тогаш кружи на интернет, тој стои пред полициските светла и изгледа прилично збунето.

Билзериан кој на почетокот не бил достапен за коментари, подоцна тврдел дека таа ноќ ѝ помогнал на повредена жена, во масакрот во кој биле убиени 58, а ранети неколку стотици луѓе.

Постапката на Дан Билзериан наишла на осуда, па неговиот профил на Инстаграм е преполн со негативни коментари.Меѓутоа, тој не звучи како да има потреба да се правда.

Како што изјавил за People, бил на кантри фестивалот "Route 91", се дружел со пејачот, кога се слушнало пукањето од хотелот Мандалеј Беј.

Тој навистина видел жена која била погодена во глава, рекол за списанието, а другата повредена жена ја однел во болница, по што се вратил на местото на пукањето, со пиштол, како што ветил.

До тогаш полицијата ги држела работите под контрола, па тој си се вратил дома.

A post shared by Dan Bilzerian (@danbilzerian) on

- Мислам дека не беше херојски - ги окарактеризирал Билзериан своите постапки за People.

- Само сакав да ја направам правилната работа - додал тој.

Претходно од оваа категорија:

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа