Vip

Со години наназад сме сведоци дека бројот на природни катастрофи и елементарни непогоди е значајно зголемен. Некои за тоа го обвинуваат глобалното затоплување, човештвото воопшто и нашиот начин на живеење, додека други се уверени дека сето тоа е само дел од природните циклуси.

Во месец јуни, оваа година, масивен глечер со тежина од неколку трилиони тони се отцепи и заплови во водите на Атлантикот. Под името A68, монструозниот леден брег од 5.800 квадратни километри се оддели од ледениот дел под називот “Larsen C”. Според извештаите, тоа е еден од најголемите коишто некогаш се одвоиле, а чијшто волумен е двојно поголем од езерото Ири.

Извештаите покажуваат дека глобалното загревање никогаш не било толку опасно како што е денес, а според американските извештаи, во делови од Земјата, просечната температура пораснала и до 5 степени Целзиусови во просек.

Меѓутоа, масивното парче мраз којшто неодамна се отцепи е само почеток, опоменуваат стручњаците, а според некои од нив, на нашата планета во догледно време и' се заканува сериозен проблем, бидејќи луѓето предизвикуваат масовно биолошко истребување на дивите животни.

Според голем број на ескимските старешини, коишто традиционално важат за одлични временски прогнозери бидејќи живеат во хармонија со природата, изучувајќи поприлично едноставни, а често занемарени сигнали, тврдат дека проблемот не се состои само во глобалното загревање.

Тие тврдат дека климата не е виновник за се, туку според нив, едноставно кажано, “земјата се поместила”.

- Нешто опасно се случува со Земјата - накратко опоменуваат Ескимите.

Опомената тие ја упатиле до светската научна заедница, говорејќи дека “нашата планета се поместила, а небото се променило”. Старешините исто така ја опоменале и американската вселенска агенција НАСА дека Сонцето повеќе не изгрева од истото место од кадешто изгревало порано. Тие велат и дека и деновите траат подолго за разлика од претходно и тврдат дека се променети позициите на Месечината и ѕвездите, што според нив претставува и уште една од причините за промените на температурите и страшните бури коишто во последниов период ја погодуваат нашата планета.

Сите старешини се согласни околу тоа дека за ваквите промени е заслужно поместувањето на Земјата кон север. Според нив, Сонцето е сега на повисока позиција на хоризонтот па и грее повеќе од вообичаено.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila