Во Националниот парк Банф во Канада се наоѓа глечерското езеро Миневанка во кое се крие потопен град од крајот на 19. век.

Езерото во Алберта доколку го гледате од површината изгледа како и секое друго езеро. Опкружено е со шума, длабоко е 142 метри и се протега на површина од околу 20 километри квадратни.

Местото е популарна атракција за одмор и релаксација, но малкумина знаат за мистеријата што ја крие езерото - туристичката населба Миневанка Лендинг основана кон крајот на 19. век со четири авении, три улици, неколку куќи, хотели и ресторани.

За да ја снабдат околината со електрична енергија, локалните жители во 1912 и во 1941 година кренале брани за електраната, со што нивото на водата во езерото се зголемила за 30 метри и така било потопено туристичкото одморалиште.

Ладната вода во глечерското езеро ги зачувала потопените градби во одлична состојба и околу 8.000 нуркачи го „посетуваат“ потопениот град секоја година.

Погледнете една видео снимка од нив...

Претходно од оваа категорија:

zj 300x250-min

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа